Одбојкарите на Лирија успеаја да му одземат еден сет на шампионот Струмица во дербито на 9. Коло од домашното одбојкарско првенство. Ова беше првиотз агубен сет за Струмица оваа сезона, со што Лирија покажа дека годинава има респектабилен состав кој ќе се обиде до крај да ја направи оваа сезона интересна во битка за врвот на табелата.
Очекувани победи остварија Штип УДГ на гостувањето кај Јанта Волеј и Универзитет во Тетово дома против екипата на Сушево, како и триумфот на Весна Пробиштип против скопски Вардар. Дерби се играше во Тетово, каде Работнички 71&22 повторно потврди дека е тим со сериозни амбиции и обезбеди голема победа над Шкендија со 3:1.
Прва лига (мажи), 9. коло
Весна Пробиштип – Вардар 3:0 (25:12, 25:8, 25:15)
Универзитет во Тетово – Сушево 3:0 (25:22, 25:18, 25:20)
Струмица – Лирија 3:1 (25:13, 25:13, 23:25, 25:15)
Јанта волеј – Штип УГД 0:3 (11:25, 16:25, 18:25)
Шкендија – Работнички 71&22 1:3 (17:25, 25:20, 20:25, 23:25)
Македонија Џио – ГОК Борец 0:3 (14:25, 9:25, 19:25)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (24); 2. Штип УДГ (21); 3. Лирија (20); 4. Весна Пробиштип (18); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (15); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).