Лудило на “Енфилд“: Ливерпул со два гола во 87. и 88.минута од 2:3 до победа од 4:3! (ВИДЕО)

117

Неверојатно драматичен меч на “Енфилд“ меѓу Ливерпул и Фулам кој на крајот го добија “редси“ со 4:3. Ама како? Во 87.минута гостите водеа со 2:3, и тогаш прво едно израмни на 3:3 за да една минута подоцна Александер – Арнолд постигна гол за пресврт, за 4:3.

Да кажеме дека Ливерпул поведе со 1:0 со голот токму на Александер – Арнолд, па Вилсон израмни, па МекАлистер носи ново водство од 2:1 а на пауза се замина со 2:2 со голот на Тете.

Во 80.минута Фулам поведе со 2:3 но тогаш се случи спектакуларен пресврт за победа на Ливерпул од 4:3.

Астон Вила со голот на Воткинс во 90.минута дојде до бод кај Борнмут, во меч кој заврши со резултат 2:2.

Вест Хем и Кристал Палас одигра 1:1, а Челзи со 3:2 славеше над Брајтон во меч во кој имаше 15 минути судско продолжување.

Да споменеме дека цело второ полувреме Челзи играше со играч помалку по исклучувањето на Галагер.

ПретходноДобри вести: Гудељ е добро, излезе од болница! (ВИДЕО)
СледноРистовска стопроцентна во новата победа на ЦСКА Москва!