Лош ден за нашиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски во дресот на Абердин. Не само што неговиот тим беше поразен на гостувањето кај Хибернијан со 2:0 туку Македонецот во 77.минута не успеа да реализира пенал. Миовски шутираше од белата точкам но голманот на домашните Маршал успеа да го одбрани тој удар на Бојан.
Штета, тоа ќе беше уште еден гол на Миовски за потврда на неговата добра форма во последно време.
Но и на многу подобри фудбалери им се случува да не реализираат удари од белата точка.
Инаку Миовски беше стартер и го одигра целиот натпревар.