ПМФЛ: Шампионот на гости кај забревтаниот Тиквеш, Работнички ја дочекува Брера, ќе биде “жешко“ во Штип…

426

 

Попладнево се играат пет натпревари од 17.коло во ПМФЛ. Секако дека супер – дербито се игра на Чаир каде Шкупи ја пречекува Шкендија, но супер интересно ќе биде и во Кавадарци. На овој меч забревтаниот Тиквеш го дочекува шампионот, тимот на Струга ТЛ.

Ова ќе биде меч за уживање на две екипи кои играат офанзивен фудбал. На Струга ТЛ и треба победа ако сака да биде есенски шампион.

Работнички на Маџари ја пречекува Брера Струмица. Тимот од Дебар Маало по ремито со Гостивар и поразот од Шкендија во Тетово, посакува прва победа под водство на новиот стратег Гоце Седлоски.May be an image of 2 people, people playing football and people playing soccer

Во Кратово домашниот Силекс ќе ги одмери силите со Гостивар, силени квалитетен состав кој на последните два меча со Работнички и Шкупи одигра без голови.

Секако дека ќе биде „жешко“ во Штип. Брегалница ја дочекува Воска, ова ќе биде уште едно дерби на дното. За штипските “сини“ овој меч е да се биде или не. Овој меч Брегалница мора по секоја цена да го добие.

Вчера Вардар како гостин ја победи Македонија ЃП со 0:1.

 ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Кратово: Силекс – Гостивар

Скопје: Шкупи – Шкендија

Скопје: Работнички – Брера

Штип: Брегалница – Воска

Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ

ВЧЕРА:

Македонија ЃП – Вардар 0:1

ТАБЕЛА

Шкупи 32, Шкендија 32, Струга ТЛ 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 16, Воска 16, Вардар 14…

ПретходноСтрашно: Убиен навивач на Нант!
СледноХаос на дербито Бешикташ – Фенербахче: Мадар погоден со паричка во глава! (ВИДЕО)