Ристовска стопроцентна во новата победа на ЦСКА Москва!

150

Уште еден одличен настап на нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва. На денешното гостување кај Динамо Синара, тимот од Москва успеа да победи со 19:29 (9:18). Она што за нас е поважно е тоа дека македонската репрезентативка успеа да постигне четири голови од исто толку обиди, значи била стопроцентна на овој меч.

Да споменеме дека Сара на овој меч го имаше своето враќање во дресот на ЦСКА Москва откако пропушти неколку средби поради повреда.

ПретходноЛудило на “Енфилд“: Ливерпул со два гола во 87. и 88.минута од 2:3 до победа од 4:3! (ВИДЕО)
СледноОд Брегалница со реакција: Првиот гол на Воска беше од офсајд! (ВИДЕО)