Рома со пресврт во последните 15 минути до победа кај Сасуоло (ВИДЕО)

80

Екипата на Рома со пресврт победи со 2:1 како гостин против екипата на Сасуоло во еден од највозбудливите денешни дуели на Апенините.

Ова е седма победа на Римјаните од почетокот на сезоната со која се најдоа на петтото место со 24 освоени бода, колку што има и Наполи, кој вечерва има можност да го зголеми бодовното салдо со победа над Интер.

Домашните одиграа одлично прво полувреме и со голот на Матеус Ерике водеа со 1:0. Рома се мачеше да дојде до израмнување долго време, но имаше среќа да добие удар од белата точка кој во 76. минута, Дибала го претвори во израмнување.

Само шест минути подоцна се случи целосен пресврт. Дибала овојпат во улога на асистент, а егзекутор беше Кристенсен за 2:1 во корист на Римјаните.

ПретходноБаер (Л) се спаси од прв сезонски пораз (ВИДЕО)
СледноЖижовиќ по победата во супер – дербито: Овие момци заслужуваат само пофалби!