Селекторот на Холандија, Роналд Куман ја прокоментира ждрепката за ЕП 2024 година. Холандија е во група со Франција и Австрија и тим кој ќе биде познат по плеј-офот во Лигата на нациите.
„Не сакав да бидеме во група со Франција, но мислам дека ни тие не сакаат да се со нас. Ќе видиме кој ќе биде четвртиот тим. Немам многу информации за Австрија, меѓутоа има време да се подготвиме.
Целта ни е титулата. Секогаш е така, пред секое првенство. Ако учествуваме во еден турнир, желбата ни е да бидеме најдобри“, изјави Куман.