Снајдер: Требаше јас да ја добијам „Златната топка“ во 2010, а не Меси

174

Весли Снајдер беше еден од клучните фудбалери на Интер кој во 2010 година под раководство на Жозе Мурињо ги освои Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија. Холанѓанецот жали што таа година не ја добил „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот, туку таа замина во рацете на Лионел Меси.
Тоа требаше да биде моја награда. Беше неферски што не ја освоив „Златната топка 2010“ и што ја освои Меси. Сепак, не сум тип кој ќе плаче поради тоа. „Златната топка“ е индивидуална награда, а јас повеќе сакам тимски трофеи. Кога би морал да бирам помеѓу ЛШ и „Златната топка“ би ја одбрал Лигата на шампионите која ја освоив“, рече Снајдер.

Холанѓанецот даде прогноза за оваа сезона.
Интер ќе ја освои Серија А. Добро им оди. А зошто Реал повторно не ја освои ЛШ? Тие се неверојатен клуб. Мислам дека има шанси да победи оваа година“, додаде поранешниот холандски репрезентативец.

ПретходноИвановски го подобри македонскиот рекорд во маратон
СледноБарселона со нов напаѓач уште во јануари