Супер – дерби: Шкендија пет години сонува победа на Чаир!

283

Звучи неверојатно, но така е. Имено во пресрет на денешното супер – дерби меѓу Шкупи и Шкендија, во меч од 17.коло, историјата вели дека тетовци сонуваат дури пет години како да го победат Шкупи на Чаир. Последен пат, во натпревар од ПМФЛ, Шкендија славела на Чаир на 2 септември 2018 година кога беше 1:2 за гостите од Тетово. Стрелци беа Кристојан Стојкоски за Шкупи а Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за Шкендија. Од тогаш минаа пет години и речиси три месеци.

Кога сме кај историјата и традицијата да кажеме дека овие две екипи одиграле вкупно 31 натпревар. Тимот од Чаир има 5 победи, 12 пати било нерешено и Шкендија победувала 14 пати.

Денеска од 13 часот на Чаир ќе врие, се очекува голема посета, се очекува голема битка меѓу двете екипи кои се на делба на лидерската позиција на табелата, и двете екипи имаат по 32 бода, Шкупи е прв само поради подобрата гол разлика.

Шкендија беше шампион на Македонија во 2021, а Шкупи во 2022. Еве неколку факти зошто денеска на Чаир овој натпревар се означува како супер – дерби.May be an image of 15 people, people playing football and people playing soccer

Се очекува спектакл, секако и фер борба меѓу двете од трите наши најдобри екипи во моментов, заедно со Струга ТЛ.

Од таборот на Шкупи се најавува дека со помош на “Шверцерите“ тиа посакуваат победа, додека кај Шкендија нема да играат Красниќи и Максимов поради жолти картони, а Ќака поради повреда. Кај домашните ќе го нема Илиески поради пет жолти картони.

ПретходноМанчестер Јунајтед поразен на „Сент Џејмс Парк“ (видео)
СледноДончиќ играше со патики посветени на ќерката Габриела, Јокиќ со нов трипл-дабл и со нов рекорд!(ВИДЕО)