Ракометарите на Тиквеш немаа поголеми проблеми на гостувањето кај Скопје попладнево во меч од 13.коло Суперлигата. Ја оправдаа улога на фаворити славеа со 24:42 (9:20). Со овие бодови тие и натаму се втори на табелата во групата А, веднаш зад лидерот, тимот на Алкалоид. Скопје и во 13 меч не успеа да дојде до првата победа.
Темелковски со 10 голови беше најефикасен во составот на кавадарчани, додека кај поразениот тим Пеширски постигна шест бода.
За тоа кој на крајот ќе биде втор или трет, Тиквеш или Охрид, во оваа група ќе зависи од средбата меѓу Тиквеш и Алкалоид, која е е во рамките на последното 14.коло во групата – А.