Австриецот Штефан Крафт ја продолжи победничката серија во новата сезона на Светскиот куп во ски скокови откако денеска ја постигна и четвртата победа во четвртото натпреварување, славејќи на големата скокалница во Лилехамер.
До својата нова победа Крафт стигна со скокови од 134,0 и 141,5 метри, кои му донесоа 318,2 поени. Второто место го зазеде Германецот Андреас Велингер со 312,3 поени (135,0 и 143,0 м), додека трет беше Австриецот Јан Хоерл со 311,3 поени (139,0 и 137,5 м).
Со оваа победа Крафт се изедначи со сонародникот Андреас Фелдер и Финецот Јане Ахонен, кои единствено досег апочнале сезона со четири победи, но му недостигаат уште две да ја израмни рекордната серија од пред 16 години на уште еден Австриец, Томас Моргенштерн.