„Rolling Together”, проект за зголемување на свесноста – лицата со инвалидитет имаат уникатни способности и таленти (ФОТО)

218

Денеска е 3 декември, денот на лицата со инвалидитет. По овој повод во Основното Училиште „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче започна проектот „Rolling Together”.  Општината Аеродром е првата општина во Македонија која широко ги отвори вратите и стана првата општина која подржува ваков инклузивен спортски проект.

Покрај запознавањето на учениците од деветото одделение со спортот „Кошарка во колички“, се одигра и инклузивен натпревар помеѓу репрезентацијата на Параолимпискиот комитет на Македонија на кошаркари во количка и учениците од ова училиште.

Проектот продолжува од второто полугодие сите останати Основни Училишта во Општина Аеродром со една цел – децата на начучат да бидат инклузивни и да даваат поддршка со тоа што ќе се однесуваат кон сите со љубов почит и љубезност.

„Целта на проектот е преку интерактивна активност да им помогнеме на учениците да разберат дека секој човек е уникатен и има свои силни страни и дека лицата со инвалидитет имаат уникатни способности и таленти, исто како и секој друг. Со проектот сакаме исто така да ги охрабриме учениците да гледаат подалеку од попреченоста и да ги ценат вештините и квалитетите што ги поседува секој поединец. Целта е исто така да ги охрабриме училиштата да ги прифаќаат лицата со попреченост и во исто време да ги поттикнеме да создаваат услови во училиштата (пристапни рампи, тоалети) за учениците со телесен инвалидитет. Се надеваме дека и сите останати Општини ќе го следат овој пример и ќе дадат поддршка на овој проект“, ни изјави Саша Димитријевиќ, кој е основачот на проектот „Кошарка во колички“ и „Rolling Together”.

ПретходноФудбалер на Манчестер Јунајтед ќе ја рестартира кариерата во Турција
СледноКомичен гол во Кратово (видео)