Ирска можела да има супер тим – но Белингем, Кејн, Грилиш, Медисон… одбрале други репрезентации

1200

Некои од големите имиња во ирскиот фудбал се родени во други држави како на пример легендите Пол Мекграт и Тони Каскарино. Тие оставија длабок белег во националниот тим на Ирска и покрај тоа што биле родени во Англија, но ги одбрале ирските корени. Но има многу други кои одбрале други репрезентации иако можеле да играат за Ирска. Во минатото тоа биле Пол Гаскоњ и Вејн Руни кои одбрале да ги бранат боите на Англија.

Во поновата историја Ирците биле одбиени од неколку фудбалери кои денес се големи ѕвезди во англискиот и светскиот фудбал. Да заиграле за нив, тогаш сликата на ирската репрезентација би била многу поинаква од денешната. Денешната Ирска се мачи во квалификации и не може да избори пласман на големо натпреварување.

На првото место е Хари Кејн. Голгетерот на Англија кој сега игра за Баерн, а остави огромен печат во Тотенхем и Премиер лигата. Татко му е роден во Галвеј, град во Ирска поради што Кејн можел да одбира. Тој ја одбрал Англија.

Новата англиска ѕвезда Џуд Белингем исто така можел да игра за Ирска, но ја одбрал Англија. Неговиот татко е Ирец, тој дури постирал фотографија како дете во ирски дрес. Но, сега голгетерот на Реал Мадрид, настапува за Англија одбивајќи го ирскиот национален тим.

Плејмејкерот Џек Грилиш исто така има ирски корени. Тој играл за младинските тимови на Ирска, но како сениор во дресот на Англија. Ирските фанови останаа разочарани што овој фудбалер на Манчестер Сити, еден од најдобрите во последните години во Премиер лигата, што одбрал да игра за соседот.

Дефанзивниот играч за врска Деклан Рајс има настапувано за сениорскиот тим на Ирска на три пријателски натпревари. Бидејќи тие не се бројат како официјални, во 2019 година Рајс одлучил да му се приклучи на англискиот тим предводен од Герет Саутгејт.

Хари Мегваер исто така влече ирски корени. Дефанзивецот на Англија можел да го одбере ирскиот дрес. Можел да добие ирско државјанство поради тоа што неговите дедо и баба се Ирци.

Од другите фудбалери кои заиграле за други репрезентации, а не за Ирска може да се издвојат: Калум Вилсон, Калвин Филипс, Конор Коди, Томас Дилејни, Џејмс Медисон (сите за Англија), Даниел О’Шонеси (Финска), Итан Ампаду (Велс), Алистер Џонсон (Канада).

ПретходноБрињоне со триумфот во Тремблан го изедначи рекордот на Гоџа по број на победи во СК
СледноТен Хаг го призна поразот: Њукасл беше подобар од нас