Завршија првите полувремиња од петте средби од 17.коло во ПМФЛ кои се играат попладнево. На супер – дербито на Чаир, Шкупи со голот на Трапановски води против Шкендија со 1:0. Домашниот тим ја имаше инцијативата, беше подобар и заслужено води.
Во Кавадарци Тиквеш има водство од 2:2 против Струга ТЛ. Прво автогол си даде Згуро, па Ивановски зголеми на 2:0 а Радески во 38.минута намали на 2:1, а потоа во 42.минута израмни на 2:2.
Брегалница води со 2:1 против Воска со головите на Андонов и Роналдо.
Кехинде со комичен гол му носи водство на Гостивар во Кратово и на Маџари каде играат Работнички и Брера нема голови.