Кога во 13.минута Тиквеш поведе со 2:0 против Струга ТЛ, сите помисливме дека шампионот нема што да бара на овој меч во Кавадарци кој се одигра попладнево во рамките на 17.коло. Но шампионот не би бил шампион ако не одигра како што треба, ако не запне што се вели и со двата гола на Радески да дојде до 2:2. Со тој резултат се замина на пауза, а потоа Георгиевски со фантастичен гол од дваесетина метри му донесе победа на својот тим, на Струга ТЛ.
Меч за паметење, пресврт за паметење. Сега Струга ТЛ се прашува кој ќе биде есенски шампион. Има два бода минус во однос на Шкупи но и меч помалку во пресрет на последното 18.коло од оваа полусезона.
ТАБЕЛА ПО 17.КОЛО ВО ПМФЛ
Шкупи 35, Струга ТЛ (-1) 33, Шкендија 32, Силекс (-1) 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, Брера 20, Македонија ЃП 18, Воска (-1) 17, Брегалница 17, Вардар (-1) 14 бодови