Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека неговата екипа била надиграна од Њукасл. „Црвените ѓаволи“ беа поразени со 0:1 на „Сент Џејмс Парк“ и се на седмото место на табелата, а немаат победа над екипа од Топ 8 под раководство на Холанѓанецот.
„Првото полувреме беше многу тешко. На паузата си кажавме дека треба да бидеме фокусирани. Во финишот на мечот покажавме дека не сме се предале. Направивме неколку шанси но пропуштивме да реализираме. Во еден момент помислив дека го изедначивме резултатот, но се покажа дека имало офсајд. Во целина, Њукасл ја заслужи победата“, изјави Тен Хаг.
„Веќе мислиме на мечот со Челзи во среда. Тие се незгодна екипа, го покажаа тоа против Манчестер Сити. Остануваме сплотени. Имаме план и продолжуваме да го следиме“, додаде Холанѓанецот.