Премиер лигата ја објави новата зделка за ТВ-правата која изнесува рекордни 6,7 милијарди фунти

236

 

Премиер лигата го објави новиот договор за ТВ-правата за натпреварите од најсилната лига на Англија помеѓу 2025 и 2029 година. Зделката е вредна 6,7 милијарди фунти, што е за 4% повеќе од претходната, што значи и нов рекорд.
Скај Спортс значително ги проширува своите пакети, што ќе им овозможи на медиумите да пренесуваат минимум 215 натпревари по сезона. Ова е дури 70% повеќе од претходно.
ТНТ Спорт (поранешен БТ Спорт) ќе има право да прикажува 52 натпревари по сезона, додека Би-Би-Си го задржува правото бесплатно да емитува пренос од сите натпревари во текот на сезоната.

За прв пат Sky Sports во живо ќе ги пренесува сите 10 натпревари од последното коло во Премиер лигата.

ПретходноЛуис Суарез се збогува со Гремио, но ќе продолжи во друг клуб
СледноФА покрена постапка против Сити, но не и против бесниот Халанд