Извлекувањето на групите за Европското првенство во Германија донесе голем пропуст од страна на Европската фудбалска федерација (УЕФА) бидејќи среде ждрепката се слушаа звуци на секс. УЕФА покрена истрага, а сега веќе е познат и виновникот.
На сите во салата им стана непријатно, секако имаше смеа, а генералниот секретар Џорџо Маркети се обиде да ја поправи ситуацијата.
„Слушаме некаков шум, кој штотуку престана. Нема повеќе гласови“, вели Маркети, кој се трудел максимално да ги покрие звуците што се слушале додека зборувал.
WHOS PLAYING A SEX AUDIO IN THE EURO DRAW 😭 #NUFC pic.twitter.com/OQMUCbtNRa
— 𝓲𝓼𝓪𝓴 (@isakszn14) December 2, 2023
УЕФА веднаш најави истрага за ситуацијата, но не требаше да помине време, бидејќи виновникот се појави, а тоа е познатиот You Tube шегобиец Даниел Џарвис.
Тој на платформата Х објави видео од шегата. Успеал да го внесе мобилниот во ходникот и потоа се јавил на број од дома, а звуците на секс биле ставени на како мелодија кога ѕвони телефонот.
„Тоа беше мојот тим. Влеговме внатре, го оставивме телефонот и ние сме виновни за звуците на секс за време на ждрепката за ЕП 2024“, изјави Џарвис.
Pranking UEFA euro 2024 Draw with sex noise https://t.co/zAo3Q1vQmk
— Jarvo69 (Daniel Jarvis) (@BMWjarvo) December 2, 2023
Се уште не е познато како Џарвис успеал да внесе мобилен телефон во просториите каде што се одржуваше ждрепката, но УЕФА нема да се откаже додека барем не го најде виновникот.