Алкалоид утре ќе игра со шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха во последниот меч од групната фаза на ЕХФ Европската лига. Алкалоид освои еден бод против шпанскиот тим на гостински терен, а сега ќе се обиде да стигне и до триумф на домашен.
„Успеавме да ја изненадиме Ла Риоха на гостински терен. Ќе се обидеме да го направиме тоа и пред нашата публика“, изјави тренерот Кирил Лазаров.
Натпреварот ќе се одигра во вторник (4.12.2023) во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18:45 часот.