Леклер во болидот на Ферари до 2029 година

70

Шарл Леклер го продолжил договорот со италијанскиот тим Ферари до крајот на 2029 година. Веста ја пренесе „Газета дело Спорт“, која исто така тврди дека Леклер ќе има двојно поголема заработувачка.

Неговиот договор истекуваше во 2024 година, од кој заработуваше 25 милиони евра по сезона. Во иднина според новите услови, возачот на „црвените“ ќе инкасира по 50 милиони евра годишно.

Инаку, во Маранело се задоволни од настапите на Леклер оваа сезона, а се верува дека наскоро ќе потпишат нов договор и со Карлос Саинц. Шпанскиот возач исто така е под договор до 2024 година.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Радески им покажа на кавадарчани кој е шампион!