Луис Суарез се збогува со Гремио, но ќе продолжи во друг клуб

267

 

Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез кажа збогум на бразилскиот клуб и на фановите. Тој постигна гол во победата од 1:0 над Васко де Гама во бразилскиот шампионат, кој е 555. во кариерата на уругвајскиот фудбалер. Суарез го напушта Гремио но че продолжи да игра, засега не знае каде.

Јас сум фудбалер и сакам да играм. Тренерот некогаш ми вели да не тренирам, но му велам дека тоа не е можно. Сакам да тренирам и сакам да играм. Имам повреда уште кога бев во Барселона. Последната фаза од моето заздравување се поклопија со пандемијата, па морав самостојно да вежбам и не можев во целост да го заздравам коленото.

Пред натпреварите појам апчиња и си ставам инјекција за да ми ги олесни болките. Ако не го направам тоа, не можам да играм. Поради тоа ќе ме видите како поткривнувам. Јасно е дека немам сила и брзина како што бараат тренерите, но јасно им е дека можам да допринесам за тимот“, изјави Суарез.

ПретходноМесина на клупата на Милано до 2026 година
СледноПремиер лигата ја објави новата зделка за ТВ-правата која изнесува рекордни 6,7 милијарди фунти