Месина на клупата на Милано до 2026 година

127

Еторе Месина ќе остане тренер на Армани Милано до летото 2026 година, потврди претседателот на клубот, Лео Дел Орко.

Според медиумите, италијанскиот стручњак бил на „тенок мраз“ кога било во прашање останувањето на клупата на миланезите, но потоа се појавиле информации дека клубот го посакува до крајот на кариерата, по што ќе стане претседател.

Претседателот на клубот реши да стави крај на медиумските натписи за судбината на Месина, нагласувајќи:
„Договорот на господинот Еторе Месина е продолжен до 30 јуни 2026 година“.

ПретходноЛазаров: Ќе се обидеме да ја изненадиме Ла Риоха и на домашен терен
СледноЛуис Суарез се збогува со Гремио, но ќе продолжи во друг клуб