Надал нема да игра квалификации иако е 664. на АТП листата

1779

Еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња Рафаел Надал ќе се врати на теренот по пауза од една година.

Шпанецот, освојувач на 22 грен слем титули, поради повреда отсуствува од Австралија Опен во јануари годинава, тој моментално е само 664. на АТП листата, но кога ќе се врати нема да мора да ги игра квалификациите и ќе биде дел од главните извлекувања.

Треба да биде прво на турнирот во Бризбејн, на почетокот на 2024 година, а потоа и на Австралија Опен.

Правилата се јасни и велат дека Надал има заштитен пласман, што значи дека на првите девет турнири по враќањето ќе може да го искористи тој факт и да се најде во главната ждрепка.

Поточно, се гледа неговиот пласман во текот на трите месеци пред повредата, а покрај тоа, на располагање му се и специјални покани.

ПретходноФеликс: Само блиските луѓе знаат низ што поминав
СледноПад на ранг листата за Лина Ѓорческа