На „Гудисон“ врие: Играчите во паника дека ќе останат без платите од договорите!

559

Фудбалерите на Евертон во моментов бараат начини како да си ги вратат парите од платите, доколку испаднат од Премиер лигата поради казната од десет бодови.

Во соблекувалната на „Гудисон“ врие од гласините дека некои ѕвезди би можеле да се соочат со огромни намалувања на платите до 50 отсто, доколку шокантната казна за финансиски прекршувања ги уништи.

Тимот на Шон Дајч поднесе жалба за одземањето на 10 бода поради финансиски прекршувања, но истата засега нема решение. Ѕвездите на Евертон веќе имале состаноци со нивните агенти и правни тимови за да видат што ќе се случи со нивните договори.

Евертон стави клаузули за намалување на платите практично во сите договори на нивните најплатени играчи.  Неколку од нив се соочуваат со намалувањ ена платите и за 100.000 фунти неделно.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Бакнеж од Хамза за Кристијан!
СледноОна кога директорот и секретарот на Струга ТЛ ти честитаат на фантастичниот гол за победа!