НБА го казни Никола Јокиќ поради симулирање

211

Никола Јокиќ е казнет поради симулирање на фаул при поразот на Денвер од Сакраменто Кингс. Лигата одлучи дека српскиот и двократен МВП на НБА мора да плати 2.000 долари за „флоп“ на крајот од мечот.

„Дисциплинците“ решија да го казнат Никола кога го видоа неговиот потег на 3:37 до крајот на мечот, кога на играчот што го чуваше му беше досуден прекршок.

„Фактот што Јокиќ симулираше не значи автоматски дека не бил фаулиран. НБА смета дека неговото паѓање на подот било непотребно и поради тоа е казнет“, се објаснува.

Сезонава Никола Јокиќ често се соочува со обвинувања за симулирање, иако имаше и примери кога Сомборац се налутил затоа што не му биле досудени фаули. За да ги спречи играчите да симулираат, лигата ги наметнува овие казни, со цел да се заштити „интегритетот на играта“ што е можно повеќе.

Претходно„Мораме да најдеме начин како да го симнеме Ѓоковиќ од тронот“
СледноМоментот кога Халанд полуде: Што к** (ВИДЕО)