Голманот на Њукасл, Ник Поуп, најверојатно ќе отсуствува од терените цели 5 месеци, објави британски „Телеграф“. Според информациите, повредата на рамото која ја доби Поуп на мечот со Манчестер Ј. е сериозна и тој ќе мора да оди на операција.
31-годишниот голман има 62 натпревари за Њукасл, а на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед мораше да биде заменет од Мартин Дубравка.
Ова е биде голем удар за тимот на Еди Хау, кој сега почна да бара и ново голманско реение, а се зборува дека прв избор е Де Хеа.