Рекетот со кој Ноле го освои првиот „Ролан Гарос“ продаден за рекордна сума

265

Рекетот на Новак Ѓоковиќ со кој го освои неговиот прв Ролан Гарос беше продаден на аукција за 107.482 долари.

Оваа сума е најплатената во историјата за еден ваков предмет.

По триумфот над Енди Мареј во Париз во 2016 година, Новак го фрли рекетот во публика, ко среќно заврши во рацете на извесниот Аби Доерти.

„Се изгледаше како да е во забавена снимка. Новак само го фрли рекетот во толпата и тој полета директно кон нас. Помислив: „О Боже“. Рекетот ме удри во раката и се одби. Го држев цврсто. Се обидов да дојдам до него подоцна, да го натерам да ми потпише, но не успеав“, изјави тогаш Доерти.

Ѓоковиќ тогаш стана првиот човек по Род Лејвер во 1969 година што ги освоил сите четири Грен слем титули.

„Тоа беше тешка одлука. Имав одлични спортски сувенири, но тие едноставно ми седеа во плакарот сите овие години“, рече Доерти.

ПретходноШефилд Ј. денеска или утре ќе му врачи отказ на менаџерот Хекингботом
СледноЊукасл имал разговор со Де Хеа за да го ангажира во јануари