ТИМ И ИГРАЧ НА 17.КОЛО: Радески им покажа на кавадарчани кој е шампион!

432

Уште во 13.минута Тиквеш поведе со 2:0 и тоа против шампионот. Кавадарчани во тие моменти играа феноменално, летаа по теренот вчера во мечот од 17.коло во ПМФЛ. Струга ТЛ никаде ја немаше, и тогаш Марјан Радески кажа – доста е. И со два убави гола, во 37. и 42.минута, значи за само пет минути го израмни резултатот на 2:2. Едноставно напаѓачот на Струга ТЛ и најдобар играч оваа полусезона во тимот на стратегот Шпетим Дуро, им покажа на кавадарчани кој е шампион. Потоа следуваше прекрасниот гол на Георгиевски за 2:3. Секоја чест за младиот играч за врска, но играч на мечот и играч на колото е Радески.

Покрај нив двајца во идеалниот тим на ова 17.коло се и Алексовски, Белица, Адем (Работнички), Младеновски, Трапановски (Шкупи), Трпески (Воска), Милосавиќ (Вардар), Кехинде (Гостивар) и Ѓорѓиевски (Силекс).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник (Ерменија), Струга ТЛ

ПретходноЛеклер во болидот на Ферари до 2029 година
СледноДе Јонг се израмни со легендарниот Кројф по бројот на настапи за Барса