Торино и нанесе тежок пораз на Аталанта

224

Екипата на Торино на домашен терен ја совлада Аталанта со 3:0 во последниот меч од 14.коло во Серија А. „Биковите“ им се вратија на победите по ремито со Монца и поразот од Болоња, а вечерва на свој терен ја победија Аталанта која патем го впиша вториот пораз по ред, односно четврти меч без победа.
Резултатот го отвори Дуван Запата во 22 минута, зголеми Антонио Санабрија од пенал во 56.минута, а точка стави Запата во 95 минута.

ПретходноЦрногорките ја совладаа Унгарија за 100% ефект во групата
СледноТажна вечер: За време на НБА-меч на трибините починал навивач