УЕФА потврди како ќе изгледаат шеширите за следното издание на Лигата на нации. Македонија се најде во шеширот број три заедно со Словачка, С.Ирска и Кипар. Ждрепката е закажана за 8. февруари следната година.
Шешир – Лигата Ц:
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Во овој момент нашата фудбалска репрезентација е без селекторот, договорот на Боби Милевски истече, а според нашите информации се работи на негово продолжување.