Феликс: Само блиските луѓе знаат низ што поминав

179
ФОТО: FC BARCELONA

Жоао Феликс имаше свој момент на „одмазда“ против Атлетико со гол за победа на Барселона. Моментот дополнително го зачини прослава со раширени раце, со која покажа колку му значи овој гол.

“Само блиските луѓе знаат низ што сум поминал. Дозволив се да излезе од мене, поради се што ми се случи мене и моето семејство. Тој гол е за мене и моите соиграчи во Барса кои ме пречекаа”, изјави Феликс. и додаде:

„Знаевме дека тоа е многу важен натпревар и дека ќе биде тешко, секогаш е така со Атлетико. Голема победа за нас“.

Пред натпреварот, Антонан Гризман и Саул Њигез го критикуваа пристапот на Феликс за време на неговиот престој во Атлетико.

“Да, секако, бев екстра мотивиран против моите поранешни соиграчи. Беше посебен натпревар и среќен сум поради победата. Што се однесува до голот, единствен начин да го совладам Облак беше да го лобувам, мило ми е што успеав, Среќен сум во Барса. Се надевам дека клубот ќе се потруди да ме донесе трајно”, заклучи 24-годишниот Португалец.

Фото: FC Barcelona

ПретходноРизикот од терористички напад не ја менува церемонијата на отворање на Олимпијадата
СледноНадал нема да игра квалификации иако е 664. на АТП листата