Чеферин: Зимско светско првенство – никогаш повеќе!

1609

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека искуството од одржувањето на Светското првенство во зима не му донесе ништо добро на фудбалот.

„Правиме се што можеме за да се бориме против сите форми на дискриминација и злоупотреба. Но, никој не треба да го користи турнирот за лична или политичка корист. Сигурен сум во едно: Зимското Светско првенство не беше добро за фудбалот и не би било паметно да се повтори. Ова создава преоптоварување во распоредот на натпреварите“, рече Чеферин.

Светското првенство во 2022 година се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември и поради преоптоварениот календар, според некои направени анализи, донесе сериозно зголемување на повредите кај фудбалерите во текот на минатата и на почетокот на оваа сезона.

ПретходноГостивар им објави „војна“ на судиите: Ако продолжат да судат пристрасно ќе стоиме на теренот!
СледноНов проблем за Анчелоти: Реал остана без Карвахал до нова година