Пол Хекингботом ќе биде отпуштен од функцијата менаџер на Шефилд Јунајтед во следните 24 часа. По последниот пораз од Барнли со 5-0 Шефилд е закован на дното во Премиер лигата со пет бода.
Хекингботом го предводеше Јунајтед до врвот во Чемпионшип лигата минатата сезона, но оваа не успева да го донесе тимот во ситуација да се бори за победи. Според Би-Би-Си, поранешниот менаџер на клубот, Крис Вајлдер е меѓу водечките претенденти за преземање на кормилото.