Давид Де Хеа би можел од јануари повторно да заигра во Премиер лигата, откако денеска се појавија информации дека екс-голманот на Манчестер Јунајтед разговарал со преставници на Њукасл.
Шпанскиот голман од ова лето е без ангажман откако заврши со „црвените ѓаволи“, а не сакаше да прифати ниту една од понудите за преселба во Саудиска Арабија.
По повредата на Ник Поуп, Њукасл сериозно почна да размислува за Де Хеа, па некои англиски весници напишаа дека неговиот агент имал прв разговор со преставници на „страчките“.
Шпанецот за да дојде на „Ст. Џејмс Парк“ ќе мора да прифати намалување на платата во однос на неговиот последен договор со Манчестер Јунајтед.