Гвардиола: Следно прашање, не сум јас Микел Артета (ВИДЕО)

278

Во одличното дерби со шест гола, Манчестер Сити и Тотенхем одиграа 3:3, а по натпреварот најозборувана судиска одлука на крајот од натпреварот.

Откако Ерлинг Халанд беше фаулиран, Норвежанецот успеа да дојде до топката и да го проигра Грилиш, главниот судија прво даде предност, а потоа сепак го досуди фаулот.

Сето тоа ги полуде „граѓаните“, особено Халанд кој го напушти теренот пцуејќи. Од друга страна, Пеп Гвардиола остана смирен во изјавата за медиумите.

„Следното прашање, нема да бидам како Микаел Артета“, кратко изјави Гвардиола и продолжи: „Тешко е кога ќе ја видите сликата, судијата реши сепак да ја прекине играта, откако реши да даде предност“.

ПретходноЖоао Феликс ги „реши“ своите: Барса минимално до победа над Атлетико (М) (ВИДЕО)
СледноУЕФА го потврди изгледот на шеширите: Еве Македонија со кого нема да игра!