Еторе Месина ќе остане тренер на Армани Милано до летото 2026 година, потврди претседателот на клубот, Лео Дел Орко.
Според медиумите, италијанскиот стручњак бил на „тенок мраз“ кога било во прашање останувањето на клупата на миланезите, но потоа се појавиле информации дека клубот го посакува до крајот на кариерата, по што ќе стане претседател.
Претседателот на клубот реши да стави крај на медиумските натписи за судбината на Месина, нагласувајќи:
„Договорот на господинот Еторе Месина е продолжен до 30 јуни 2026 година“.