Манчестер Сити и Тотенхем ремизираа 3:3 во дербито од 17. коло од Премиер-лигата. По натпреварот најмногу се зборува за неверојатната грешка на судијата Сајмон Хупер. Имено, тој направи груба и несфатлива грешка во судиското надополнување на вториот дел и во голема мера го лиши Манчестер Сити и тоа на необичен начин – досудувајќи фаул.
Сити тргна во перспективен контранапад и имаше шанса да постигне 4:3. Родри го проигра Халанд кој по еден дуел со Емерсон Ројал успеа да одржи рамнотежа и да ја продолжи акцијата. Судијата ја подаде раката и покажа дека ја пушта предноста на Сити, а Халанд додаде за Грилиш кој само требаше да ја решија акција бидејќи беше 1 на 1 со голманот.
Хупер се огласи и сепак ја врати акцијата на претходниот фаул и со тоа му уништи голема можност на Сити. Фудбалерите на Сити ги загубија нервите и го опколија, викаше и Гвардиола, но враќање назад немаше.
Халанд вообичаено не е склон да ги загуби нервите, но голема грешка на судијата на штета на Сити целосно го поремети. Лицето му беше згрчено од бес, притрча до Хупер и почна да вика.
Angry Haaland walks like a L’Oreal Paris hair model on stagepic.twitter.com/Jcve0ggKS8
— Troll Football (@TrollFootball) December 3, 2023
Видеотот можете да го видите на следниот ЛИНК.