„Мораме да најдеме начин како да го симнеме Ѓоковиќ од тронот“

281

Четвртиот играч на АТП листата и момче на кое му предвидуваат голема иднина, Холгер Руне зборуваше во подкастот Advantage Connors за неговите планови за иднината. 20-годишникот искрено призна дека тој, Карлос Алкараз и Јаник Синер сакаат што поскоро да го симнат од тронот Новак Ѓоковиќ.

“Убаво е да се биде дел од група со Карлос Алкараз и Јаник Синер. Синер има феноменална сезона, Алкараз го освои Вимблдон и убаво е да се гледа новото трио како ривали како Роџер, Рафа, Новак и Мареј. Не сакам да кажам дека веќе доминираме на турнејата, Новак е се уште таму и мора да најдеме начин да го исфрлиме од игра“, изјави Руне.

Тој е убеден дека Ѓоковиќ нема да престане да игра тенис додека овие деца постојано не го победуваат во дуелите.

“Тој сигурно нема да ја заврши кариерата додека постојано не го добиваме во меѓусебните натпревари. Затоа, колку побрзо го подигнеме нивото на играта, толку побрзо ќе го преземеме тронот од него. Лично ми е драго што Новак е сè уште тука бидејќи моите млади играчи гледаат каков е вистинскиот свет на тенисот. Ако никогаш не ги видевме Роџер, Рафа или Новак, ќе ни недостигаше нешто големо. Новак сè уште се држи високо и тоа е одлично што се доближувавме до него“, е пораката на Руне.

ПретходноВиновникот сам се огласи: Овој човек ја посрамоти УЕФА со звуци на секс
СледноНБА го казни Никола Јокиќ поради симулирање