Се играше 83.минута, а резултатот во Кавадарци беше 2:2. Реми кое не одговараше ни на Тиквеш а уште помалку на Струга ТЛ, и тогаш младиот играч за врска на шампионот Христијан Георгевски од околу 20 метри успеа да постигне фантастичен гол за 2:3 за гостите. Гол за победа, гол кој сега Струга ТЛ ја става во ситуација сама да си решава за тоа кој ќе биде есенскиот шампион.
По тој гол следуваше еуфорија кај играчите на Струга ТЛ, стручниот штаб и цела клупа, секако и кај директорот Бесарт Исаку и секретарот Мифтар Шаќири кои му честитаа на Христијан за голот и за победата.