Пад на ранг листата за Лина Ѓорческа

83

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа недела има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција. Таа се наоѓа на 212.то место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела. Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365.то место.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1263.то место со 7 поени, или скок од две места. Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.

ПретходноНадал нема да игра квалификации иако е 664. на АТП листата
СледноПех и за Њукасл: Поуп мора на операција на рамото, пауза најмалку 5 месеци