ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)

119

И по којзнае којпат. Шкупи со ангажманот на Младен Жижовиќ за тренер направи фантастична работа. Одамна сме немале таков квалитетен стручњак да дојде во нашата ПМФЛ и веднаш, без никаков период на запознавање со лигата, со играчите, со клубот, да почне да победува. Тоа го прави токму Жижовиќ. Јасно е дека Шкупи оваа сезона нема такви звучни имиња како лани и во таа сезона кога беше шампион, но тоа на Босанецот не му пречи.

Вчера на супер – дербито Жижовиќ на маестрален начин му покажа на својот помлад колега од Шкендија како се води својата екипа и како се победува.

Токму затоа е и тренер на колото според “СпортСпорт“.

ПретходноОна кога директорот и секретарот на Струга ТЛ ти честитаат на фантастичниот гол за победа!
СледноЛеклер во болидот на Ферари до 2029 година