Вечерва се одиграа дел од натпреварите од третото, последно коло од првата фаза на Светското ракометно првенство за жени кое се игра во Норвешка, Шведска и Данска. Селекцијата на Црна Гора има максимален ефект со три победи од исто толку натпревари по вечерашниот триумф над Унгарија со 24:18.
Па така Црна Гора го освои првото место, а Унгарија второто. Камерун е трет по триумфот над Португалија и исто така ќе оди во наредната фаза.
И Норвешка, Германија, Холандија, Шпанија и Франција имаат 100% ефект во своите групи по три одиграни меча. Французинките славеа над Словенија со 31:27.
РЕЗУЛТАТИ
АНГОЛА – ИСЛАНД 26:26
АРГЕНТИНА – КОНГО 31:26
ЈАПОНИЈА – ИРАН 42:10
КАМЕРУН – ПАРАГВАЈ 26:23
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА 24:18
ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА 33:20
ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА 33:17
ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 31:27