„Ако дојде Јокиќ, Леброн слободно може да дојде со кого сака“

953

Српскиот репрезентативец и кошаркар на Виртус Болоња, Огњен Добриќ  во едно гостување објасни зошто ја напуштил Црвена Звезда, но и за неговите очекувања на Олимписките Игри во Париз.

„Едвај чекам, се надевам дека ќе не послужи здравјето. Се надевам дека ќе бидам во добро форма за да добијам повик. Мојата желба е во најсилен состав да отидеме и да покажеме дека сме најдобри во светот“, изјави Добриќ.

Неговата желба е Србија да игра против САД.

„Навистина би сакал да се сретнеме со нив“, е коментарот на српскиот кошаркар.

На прашањето дали неговото мислење би се сменило доколу Леброн ја поведе целата дружина, тој даде интересен одговор.

„Слободно нека ја поведе, ако дојде Јокиќ, не се плашам од ништо“.

ПретходноИзненадување во НБА-лигата, кој оди во Вегас?
СледноНе одете во Анталија на подготовки!