Одбојкарките на вицешампионот Јанта Волеј го добија големото дерби против Наковски Волеј во последниот меч од 11. коло во домашното одбојкарско првенство. Вчера во Струмица, Наковски волеј и Јанта Волеј одиграа квалитетен натпревар чија судбина се решаваше во петтиот сет.
Првиот и четвриот сет завршија во корист на домашната екипа, но во останатите три сета гостинките од Скопје се изборија за посакуваната победа, која ги враќа на третото место на табелата.
За утре е закажано уште едно дерби. Јанта Волеј сега во Скопје треба да ја пречека екипата на лидерот Струмица во заостанатиот меч од 10. коло.
Прва лига (жени), 11. коло
Наковски Волеј – Јанта Волеј 2:3 (26:24, 20:25, 19:25, 25:21,13:15)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (29); 2. Наковски В. (28); 3. Јанта Волеј (21); 4. Работнички (20); 5. Фит Фан Волеј (13); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).