Лоши вести за Тотенхем: Медисон во “аут“ до крајот на февруари!

58

Иако се очекуваше дека паузата, поради повредата на зглобот за најдобриот фудбалер на Тотенхем, Џејмс Медисон ќе биде само два месеци, сепак се чини дека таа ќе биде подолга. Имено се верува дека предводникот на „спарси“, кој до повредата го носеше тимот од победа во победа, ќе биде во “аут“ дури до крајот на февруари.

Да потсетиме дека поради таа повреда тој не беше во Скопје со репрезентацијата на Англија минатиот месец кога беше 1:1.

Оваа вест ја потврди и самиот Медисон кој истакна дека е разочаран и дека му е тешко.

ПретходноВицешампионките со победа над Наковски В. го најавија утрешното дерби со лидерот Струмица
СледноТер Штеген мора на операција: Барса подолго време ќе биде без првиот голман