Вака гласи „препораката“ од властите во Србија до нивите клубови кои зимава треба да одат на Кипар а не во турската „база“ Анталија.
Да не се оди во Анталија! Тоа е препораката по која многу од екипите во нашето северно соседство се ставија во невољи и мораа да ги откажуваат веќе договорените подготовки.
Причините за ваквиот став на институциите во Србија не е јасна но по сето ова повеќето екипи веќе најавија дека место за Анталија ќе одат на Кипар. На Кипар камп ќе прават и судиите од Србија од елитната група.
Анталија е место каде и нашите клубови од Македонија секоја зима одат на подготовки. Но кај нас нема најави, препораки и одлуки. Веќе е јасно дека половина од прволигашите веќе имаат договорени подготовки во познатото турско одморалоште.
Во што е проблемот!? Кипар е поблиску до Израел!? Нема логика како причина за неодењето да е конфликтот на Блискиот исток.