Кристоф Галтие, некогашниот стратег на ПСЖ за десет дена мора да се појави на суд во Франција како би дал своја изјава откако Обвинителството го терети за морално вознемирување и етничка, расна дискриминација. За ова тој би можел да заврши во затвор и да плати казна од 45.000 евра. Против него секојдневно се појавуваат нови докази.
Тој се најде во средиштето на скандалот во периодот кога беше тренер на Ница, а од тогашниот директор на тој клуб побарал на мејл да претстане со ангажман на муслимани и црномурести фудбалери.
Сегашниот тренер на Ал Духаил ги отфрли сите обвинувања, но сепак некогашниот играч на Ница, Жан-Клер Тодибо потврдил дека Галтие од него како муслиман барал да го прекине постот за време на Рамазан.