Баерн и Унион Берлин одложениот меч ќе го играат следната година!

62

И официјално, натпреварот меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин, кој беше одложен во саботата поради снегот, ќе се одигра на 24 јануари со почеток од 20:30 часот.

Како што е познато во Германија, а посебно во Баварија изминатиот викенд наврна многу снег па поради временските услови овој меч беше одложен.

Како што информираа од раководството на клубот, билетите кои беа продадени за тој меч кој требаше да се игра на 2 декември, ќе важат за на 24 јануари.

ПретходноДинамо бара од Мамиќ да врати 21 милиони евра!
СледноБелингем ја доби наградата „Златно момче“ и ја откри тајната за успехот