Брајтон не го дава Де Зерби: Почнаа преговори за нов договор со Италијанецот

187

Роберто де Зерби почнал преговори со раководството на Брајтон за нов договор. Италијанскиот стратег е еден од најценетите тренери во Премиер лигата и не случајно за него веќе постојат низа шпекулации околу иднината.

44-годишниот Де Зерби дојде во Брајтон во септември минатата година и го одведе тимот до највисокиот пласман во клупската историја: шестото место во Премиер лигата.

Брајтон веќе се пласираше во нокаут фазата во Лигата на Европа и и натаму е конкурент за место во ТОП 5 на табелата во Премиерлигата. За негово во Англија се зборува како за потенцијален наследник на Гвардиола на „Етихад“. Неговиот актуелен договор со Брајтон е до средината на 2026 година, а сега че биде продолжен за уште една сезона.

ПретходноИнтер неколку недели без холандското дуо во одбраната
СледноТен Хаг излезе со демант за случувањата во соблекувалната, четворица новинари ставени на „црна листа“