Лутон – Арсенал 3:4 е епилогот од вечерашниот дуел во рамките на 15.коло во Премиерлигата, па така тимот на Микел Артета освои големи три бода во битката за титулата и тоа со гол во 90+7.минута на Деклан Рајс.
Гостите од Лондон двапати поведуваа со головите на Мартинели и Жезус, но Лутон двапати израмнуваше преку Ошо и Адебајо.
Во 57.минута Баркли му донесе водство на Лутон од 3:2 за еуфорија кај домашните фанови, но Хаверц само три минути подоцна израмни на 3:3. И тука не беше крај, Арсенал со голот на Деклан Рајс во седмата минута од продолженијата дојде до триумф со 3:4. Ова беше прва победа на Арсенал на гости кај Лутон од јануари 1984 година, или по 10 меча без победа во серија.
Во првиот меч вечерва во ПЛ, Вулверхемптон успеа да слави против Барнли со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Хванг в0 42.минута.